1. Назив на правно лице
Друштво за туризам, промет и застапување САВАНА доо,
скратено име: САВАНА доо, заштитено име: SAVANA Tourist Enterprises
Aдреса:
Република Македонијаа
1000 Скопје, ул. Орце Николов 20
тел: 389 2 3115 826, факс: 3114 206
2. Правен субјект
Друштво со ограничена одговорност - ДОО
3. Историјат
САВАНА доо, е основана во 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија. Од оваа, веќе респектабилна временска дистанца, САВАНА како една од водечките туристички агенции во дражавата, денес може да истакне дека, работејќи уште од самиот почеток под мотото "комплетен туристички сервис", низ изминатиот период успеа организациски да ги понуди сите потребни услуги, за бројните клиенти на домашниот и поширокиот туристички пазар. Ориентирајќи се кон целта - да обезбеди што поширок спектар на туристички услуги, воедно наменет за уште поголемиот број на потенцијални корисници, САВАНА постојано инвестираше во квалитетен персонал и адекватни технологии, толку потребни за функционирање на истите. Како резултат на таквата деловна политика, континуирано и денес, нејзините услуги ги користат огромен број на задоволни клиенти во земјата и во светот.
Во 1990 година, САВАНА започна да работи со двајца вработени ентузијасти, а денес, моментално во неа веќе работат 13 редовно вработени, високо стручни туристички работници. Во досегашниот период на своето постоење, со исклучиво пазарна ориентираност во работата, САВАНА успеа да оствари просечна годишна продажба од преку 6.000 авионски билети, како и продажба и реализација на повеќе од 30.000 аранжмански пакети во летувања, зимувања, или групни и индивидуални патувања.
4. Цели и активности
Стремејќи се уште од самиот почеток, во достигнување и имплементирање на повисоки стандарди во сопственото туристичкото работење, по углед на тогаш сеуште малубројните туроператори во регионот, САВАНА веќе во далечната 1991 година, започна со инвестирање во професионална едукација на својот персонал, упатувајќи го во етаблираните тренинг центри за сертифицирана и стручна обука, во регионот. Благодарејќи на таа посветеност и истрајност во професионалната определба, веќе на 15.Февруари 1995 година, Туристичката агенција САВАНА стана постојана членка на меѓународната асоцијација IATA, со регистарски број: 76-3 2014 5. Добивањето на IATA лиценцата, како прва туристичка агенција во самостојна и незавсина Република Македонија, за САВАНА значеше и признание и поттик, за да продолжи по замислениот пат на професионално градење и воздигнување во сопствената стопанска гранка.
Секогаш отворена за соработка со своите колеги и партнери од туристичкиот дел на македонското стопанство, спремна да ги гради и споделува со нив сите позитивни искуства, САВАНА уште од самиот почеток на конституирање на новите стопански институции во туризмот во младата држава, зема активно и значително учество во тие процеси. САВАНА е една од основачите и членка на ATAM (Aсоцијација на туристичките агенции на Македонија), како и на СКТМ (Стопанската комора за Туризам на Република Македонија). Со свое учество во органите на управување, во изминатите години САВАНА даваше активен придонес и во работењето на некогашниот Туристичкиот сојуз на Република Македонија, како и во некогашниот Туристичкиот сојуз на Град Скопје.
Според важечкиот Закон за Туризам од 2003 година, како и со последните измени на истиот од 2011г., САВАНА поседува "А" лиценца за Туроператор, доделена од Министерството за Економија на РМ, како и полиса за Осигурување на одговорност од дејност, на вредност до 100.000 EUR.
5. Организација и работа
Како етаблирана туристичка агенција со позиција на регионален туроператор, САВАНА во основа е организирана и работи во неколку сектори на туристичко работење. Сектор за резервации и продажба на авио билети, сектор за организација и продажба на туристички аранжмани, хотелски резервации и туристички услуги во земјата и во странство (ориентиран кон домашниот пазар), сектор за туроператорско сервисирање на странски гости во земјата и регионот (ориентиран кон странските пазари), сектор за туристички превоз и туристички трансфери, сектор за маркетинг, продукција и издаваштво во туризмот, сектор за книговодство и сметководство за сопствените потреби и дирекција на фирмата САВАНА.
- Сектор за резервации и продажба на авио билети, има професионално обучен персонал со меѓународно искуство, како и искуство стекнато во агенцијата од 1990 година па се' до денес. Сите вработени во своето досие, имаат IATA сертификати, како и сертификати за работа со програмите на глобалните системи за резервации и продажба на авио билети - Amadeus и Galileo. Сите вработени во споменатиот сектор, се спремни да ви ги понудат најдобрите опции за вашите летови, за чија резервација, цена и ред на летање можете брзо и едноставно да се информирате во туристичката агенција. Овој сектор од 2011 година, ја сервисира и новата веб страница www.airtickets.mk за “online” продажба на авио билети низ сите земји во светот. Истите, можете брзо и ефтино да ги купите преку интернет, со користење на вашата платежна картичка.
- Секторот за организација и продажба на туристички аранжмани, хотелски резервации и туристички услуги во земјата и во странство, е препознатлив по добро организираните програмски дестинации, како и аранжманите направени според различните желби на домашните, групни или индивидуални туристи. Овој сектор кој своите производи редовно ги презентира пред македонската и пошироката јавност преку јавните гласила и веб страницата: www.savana.travel, од 2020 година ја сервисира и новата веб страница: www.online.savana.travel за “B2B и B2C” продажба на аранжмани и услуги за своите партнери и клиенти низ сите земји во светот. Истите, брзо и ефтино можете да ги купите преку интернет, со користење на вашата платежна картичка. Овој сектор ја уредува и туристичката информативна веб страница: www.travelinfo.mk
- Секторот за туроператорско сервисирање на странски гости во земјата и регионот, денес е препознатлив преку неговата трговска марка - "Macedonia Vision". Овој веќе познат бренд, преку своите активности, гласила и интернет страница: www.macedoniavision.com, нуди голем број на информации и сервисни услуги, за сите странски туристички групи и индивидуалци кои ја посетуваат Македонија и балканскиот регион. Преку овој сектор на САВАНА, на сите ним им се обезбедува хотелскo сместување, трансфери, разгледи, водичи и други туристички услуги, потребни при посета на регионот. Во контекст на искуствата од работата на овој “incoming” сектор, САВАНА е горда што успеваше да ги реализира неговите активности дури и за време на политичката нестабилност на Балканот, во периодот помеѓу 1992 и 2001 година.
- Преку секторот за туристички превоз и туристички трансфери, благодарејќи на исклучително добрите и професионални партнери во транспортот, САВАНА денес може да обезбеди услуги со возила од најразличен капацитет. За квалитетен превоз и трансфери, може да понуди сервис со следните типови на возила: автомобили до 4 патници, комбиња до 8 патници, минибуси до 22 патници, како и со автобуси од 47 до 85 патници.
- Секторот за обука на професионални кадри во туризмот е препознатлив по брендираниот назив: ТТЦ - Скопје или пак, Travel Training Center – Skopje. Неговото постоење го оправдуваа повеќето планирани курсеви за стручна обука и сертифицирање на професионално ориентираните лица, кои својата професија ја гледаат во туризмот. Споменатиот “ТТЦ” центар на САВАНА, како официјален IATA ATC (IATA Authorised Training Center) работеше во периодот од 2012г до 2020г каде повеќе од 150 лица од земјата и од регионот ги посетуваа курсевите за обука на IATA и UFTAА – агенти и се здобија со меѓународно признати сертификати и дипломи, во интерес на професионалното подигнување на квалитетот на работењето во туризмот.
- Преку секторот за недвижности, или попознат како "Holiday Real Estate", се надеваме дека многумина од нашите сограѓани, навистина ќе можат да го пронајдат своето место под сонцето. Животната цел кај многуте следбеници на патувањата, да го пронајдат своето крајно одредиште - со недвижност во саканата туристичка дестинација, ќе биде поблиску остварлива токму преку нашиот новоотворен сектор. Неговите актуелни понуди, претставени преку веб страницата www.holidayrealestate.eu , постојано ќе се надополнуваат и претставуваат, токму со цел да се пронајде што пократкиот пат, на кој ќе треба да се сретнат вистинските инвеститори и заинтересираните купувачи.
- Во секторот за маркетинг, продукција и издаваштво во туризмот, по значителните инвестиции во последните неколку години, забележителни се и позитивните реакции кон сите негови проекти. Овој сектор ја опфаќа севкупната активност околу издавањето и одржувањето на веќе познатите медиуми на САВАНА. Во нив засега се вбројуваа, две печатени и шест електонски гласила на фирмата САВАНА, последователно отворени и присутни во македонскиот медиумски простор. Денес се актуелни следните електронски изданија:
Печатени изданија:
- TRAVEL info - месечен информатор за патувања, одмор и забава
- Macedonia Vision - годишен алманах за претставување на Македонија
Електронски изданија:
www.savana.travel
www.airtickets.mk
www.macedoniavision.com
www.travelinfo.mk
6. Подружници:
Во сопствениот економски развој фирмата САВАНА доо, од 2020 година во своите професионални активности вклучи и две подружници со компатабилна угостителска дејност. Имено, во нејзината непосредна близина веќе неколку години успешно работи подружницата - "La Mer Coffee & Wine bar", а од неодамна и новата подружница - "La Mer Apartments".
7. Персонал:
* Managing director / Управител
- Мирче Пешевски
* Planning manager / Комерцијален директор
- Стеван Пешевски
* Reservation manager / Менаџер за резервации
- Ана Богоевска
* Sales department / Продажба на туристички аранжмани и услуги
- Марија Манева
- Зорица Мечкаровска
- Андреј Пешевски
- Оливер Стоилковски
- Кристијан Краљевски
- Сара Павловска
* Airtickets department / Продажба на авиобилети и услуги
- Величе Арсова
* Technical staff / Технички персонал
- Валентина Симоновска
* La Mer Coffee & Wine bar / Ла Мер Кафе
- Зоран Павлески
* La Mer Apartments / Ла Мер Апартмани
- Биљана Атанасовска
САВАНА Доо Скопје