ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ


ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
(Извадок од условите за осигурување)

Bo oвиe услови изpaзите ќe ги имaaт cлeднитe знaчeњa:
„Договорувач“ - правно или физичко лице кое го склучува договорот за осигурување за осигуреникот (осигурениците) и кое ја плаќа премијата.
„Осигуреник“ - лице од чија смрт, инвалидитет или нарушување на здравјето зависи исплатата на осигурената сума односно надоместот;
„Оcигypyвaч“ – САВА осигурување а.д. Скопје

Осигуреници:
- ученици, студенти и постдипломци - се лица на возраст од 14 до 26 години и кои статусот го докажуваат со ученичка книшка или индекс;
- група кои се осигуруваат по повластена стапка - се повеќе од 10 лица кои патуваат заедно, организирано преку овластена туристичка агенција;
- семејство кои се осигуруваат по повластена стапка - се сметаат родители и деца до дваесет и една годишна возраст кои патуваат заедно;
- (бизнис) правни лица, осигуреници можат да бидат само: вработени кај договорувачот, членови на органите на управување на правното лице или лица кои имаат договор за дело со правното лице.
„Корисник“ - лице на кое се врши исплата на осигурената сума односно надомест
„Полиса“ - исправа за склучениот договор за осигурување;
„Потврда за осигурување“ - исправа која во случај на интернет продажба ја заменува полисата за осигурување;
„Осигурена сума“ - највисок износ до кој осигурувачот е во обврска;
„Премија“ - износ кој договорувачот го плаќа на осигурувачот
„Партнер“ - субјект кој според договорот со осигурувачот овозможува и организира здравствена помош;
„Франшиза“ - сума наведена во полисата или потврдата за осигурување, со која осигуреникот учествува во секој штетен настан;
„Период на покритие“ – број на осигурани денови во рамките на траењето на осигурувањето;
„Медицински трошоци“ - вообичаени трошоци за медицински материјал, трошоци за лечење и други медицински сервиси, кои од медицинска гледна точка се неопходни за лекување на осигуреникот;
„Багаж“ - патна торба која ги содржи личните ствари на осигуреникот, а кои не спаѓаат во рачен багаж;
„Интернет продажба“ – продажба на осигурување преку услуги на информатичко општество што се обезбедуваат за надомест – премија на далечина без истовремено присуство на договорните страни, со користење на електронски средства и на барање на договорувачот на осигурување или осигуреникот.

 ОПШТИ УСЛОВИ
Член 1
- Овие Услови за патничко осигурување (понатака само Услови) се составен дел на договорот-полисата за патничко осигурување односно потврдата за осигурување што договорувачот на осигурувањето ќе го склучи со осигурувачот.
- Осигурувачот, врз основа на договорот за осигурување и платена премија обезбедува помош и осигурителни услуги наведени во договорот-полисата односно потврдата за осигурување, кои произлегуваат од осигурените случаи што ќе настанат во странство и се поврзани со патувањето во странство:
а) здравствена помош и осигурување;
б) помош при патување и осигурување;
в) осигурување од незгода вклучувајќи и осигурување од спортска незгода ако се плати дополнителна премија за осигурување.

 СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
- Осигуреник може да биде секое лице на возраст до 70 години кое патува во странство, но не за вршење на физичка работа.
- Лицата на возраст од 71-75 години може да се осигураат согласно посебните одредби за зголемен ризик, додека лицата постари од 75 години не може воопшто да се осигураат. Лицата на возраст од 71-75 години може да склучат годишно осигурување со најмногу 30 дена покритие.
- Осигуреник, може да биде и лице кое се наоѓа на постојана работа во странство и кое не патува во земјата во која работи или живее.
- Лицата кои навршуваат 75 години во времето на траење на осигурувањето, може да склучат осигурување за период од 30 дена со најмногу 30 дена покритие. Полисата односно потврдата за осигурување за осигурување пополнета за подолг период од овој, престанува да важи на 31-от ден од почетокот на осигурувањето.

 НАЧИН НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 3
- Осигурувањето може да се склучи само за лицето, кое во моментот на склучување на осигурувањето престојува на територијата на Р. Македонија.
- Во случај на класична продажба на полиси кога се присутни двете договорни страни, осигурувачот или неговиот претставник пополнува полиса за осигурување за секој осигуреник, во која договорувачот со својот потпис го потврдува приемот на овие Услови и информација за основните податоци и карактеристики на договорот за осигурување.

 ПОЧЕТОК И ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 4
- Осигурувањето во случај на класична продажба на полиси може да се склучи за траење на осигурувањето од најмногу 365 дена.
- Во случај на интернет продажба на полиси, осигурувањето може да се склучи за траење на осигурувањето од најмногу 90 дена. .
- Осигурувањето започнува во 00,00 часот на денот кој во полисата односно потврдата за осигурување е наведен како почеток на осигурувањето, и трае до 24,00 часот на денот наведен како истек на осигурувањето, односно до 24,00 часот на последниот ден, за кој е платена премијата за осигурување.
- Во случај на класична продажба, периодот на покритие може да биде пократок од траењето на осигурувањето и истиот е наведен во полисата за осигурување.
- Во случај на интернет продажба периодот на покритие не може да биде пократок од траењето на осигурувањето.
- Полисата за осигурување односно потврдата за осигурување може да биде издадена најрано 90-от ден пред почетокот на осигурувањето.
- По исклучок на став 1 од овој член , осигурувањето може да се склучи на подолг период, во кој случај задолжително се склучува договор за осигурување.