КАСАНДРА - Убавицата на Халкидики...

Доколку и ние како птиците, би ја имале привилегијата до го упатуваме својот поглед од небото кон прекрасниот полуостров Халкидики, веројатно честопати би не потсетувал на митологијата и на трозабецот на богот Посејдон, кој единствено тој можел така силно да го положи врз непрегледната површината на морето. Токму оваа исклучителна географска положба на Халкидики, веќе илјадници години го издвојува како еден од најубавите полуострови на медитеранот. Протегајќи се југоисточно од градот Солун и заливот Термаикос, кон заливот Стримоникос и сливот на реката Струма, Халкидики со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос, длабоко навлегува во Егејското море. Сите три краци, кои формираат преку петстотини километри долги песочни плажи, воедно му ја даваат и особеноста, на прекрасна хармонија од сино море, бел песок и бујно зеленило. Оваа природна идила, низ долгата историја на човековото постоење, не случајно за многумина и претставувала своевиден "рај на земјата". Веројатно е дека, токму таа убавина ги иницирала и монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата единствена монашка држава во светот - "небесната Света гора". Првиот крак Касандра, со низата туристички места и хотелски капацитети, кои како бисери се нижат покрај нејзините два брега, за многумина се издвојува како најатрактивен дел од Халкидики. Овој регион со своите специфични географски карактеристики: благ рељеф, зелени површини, борови шуми, прекрасни плажи и развиени туристички места, со години привлекува најголем број од странските туристи. Понудата на неговите најпознати летувалишта во годинашнава летна сезона, е сосема сигурно интересна понуда за најголемиот дел од македонските туристи. Дали вашето внимание ќе го привлечат местата, Неа Флогита, Фурка и Неа Скиони покрај заливот Термаикос, или пак познатите градчиња: Калитеа, Полихроно, Ханиоти и Пефкохори, покрај заливот Торонеос, воедно сигурно нема да згрешите. Изборот за одмор на Халкидики, е секогаш оној - вистинскиот.

ОБЈЕКТИ И ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2023


ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ - 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

Халкидики - Ценовник со автобуски превоз  
 
  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК ПО СОБА - НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

Халкидики - Ценовник со сопствен превоз  
 
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).


ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА

Пештерата Петралона се наоѓа на околу 40 километри јужно од Солун, во близина на Неа Модања, на 300 метри надморска височина во подножјето на планината Кацика на Халкидики. Како и во повеќето други пештери, тука се наоѓаат сталактити и сталагмити. Во лавиринтот на подземни кањони и сводови, спелеолозите откриле коски на многу животни, како мечки и лавови, рани форми на носорози, диви свињи, коњи и желки. Во подножјето на ридот има паркинг за сите кои сакаат да ја посетат пештерата дојдени со свое возило. На влезот во пештерата има музеј, а пред пештерата има билетарница и  билет за влез во пештерата чини  7 € (важи и за музејот), со вклучен водич, кој ја превзема групата и ја води  низ пештерата. Пештерата е отворена за посетители секој ден од 9 часот наутро.
 
Крстарење покрај третиот крак "Athos" (Света Гора)
На Атос или многу повеќе познат како “Света Гора”, ќе имате можност да ја видите единствената автономна, православна и монашка држава во светот. Оваа држава е оформена во 885 година и наречена “Црква Басил”, но дури после 80 години откако првиот манастир бил изграден токму на овој крак. Иако таму влезот за жените е строго забранет, а за мажите е под посебен визен режим, крстарењето ќе ви овозможи сепак донекаде ја почувствувате сета мистика на таинствената Света Гора. Единствениот начин да ги откриете добро чуваните тајни, е крстарењето покрај кракот на дозволените 500 метри оддалеченост. На ова крстарење ќе почувствувате неверојатен мир и спокој, кој произлегува од чистотата, светоста и тишината на самата околина.
 
Остовото "Amouliani"
Од пристаништето Tripiti кое се наоѓа на третиот крак, од внатрешната страна спрема кракот Sitonia, можете да се префрлите на единствениот населен остров во водите на Халкидики - островчето Amouliani. Истоименото рибарско село на островчето, кое ве очекува уште со самото пристигнување на траектот, веднаш ќе го окупира вашето внимание. Убавите куќи, цветни тераси, ресторани и таверни од кои допираат пријатни мириси на локални морски специјалитети, ве мотивираат да седнете под нивните сенки. На спротивната страна од Амоулијани на оддалеченост од неколку километри се наоѓа една од најчистите и најубави плажи во овој регион. За морето, тоа го потврдуваат делфините кои ги има во околните води.
 
Езерото Мавробара
Секако, во непосредна близина се и другите познати летувалишта, како Ханиоти, Пефкохори и Калитеа, па зошто да не ги посетите. Не пропуштајте ја плажата Ксенија, која се наоѓа сосема близу до Полихроно.
 
Плажата Ксенија
Кога одите од Пефкохори кон југот на полуостровот, патот ве води кон една од најубавите плажи, т.н. "Златна плажа". Златната плажа е организирана плажа со убави камчиња, песок и многу чисто море и е особено популарна кај семејствата со деца. На истиот дел од брегот е плажата Ксенија или Крусо како што туристите сè уште ја нарекуваат.
Морето овде е исклучително транспарентно. Внатрешноста на плажата е полна со борови дрвја, благодарение на кои има природни сенки. Исто така, постои можност да се вклучите во разни спортски активности како и спортови на вода. Оваа плажа е многу посетена, па затоа понекогаш е и преполна.
Доколку сакате да земете лежалки во некој од баровите, подобро е да ја посетите во утринските часови.
 
Златна плажа – Паљури
Кога одите од Пефкохори кон југот на полуостровот, патот ве води кон една од најубавите плажи, т.н. "Златна плажа". Златната плажа е организирана плажа со убави камчиња, песок и многу чисто море и е особено популарна кај семејствата со деца. На истиот дел од брегот е плажата Ксенија или Крусо како што туристите сè уште ја нарекуваат.
Морето овде е исклучително транспарентно. Внатрешноста на плажата е полна со борови дрвја, благодарение на кои има природни сенки. Исто така, постои можност да се вклучите во разни спортски активности како и спортови на вода. Оваа плажа е многу посетена, па затоа понекогаш е и преполна.
Доколку сакате да земете лежалки во некој од баровите, подобро е да ја посетите во утринските часови.

Посиди
'Ртот на Посиди се наоѓа на неколку километри од истоимениот град во југозападниот дел на Касандра. Тоа е песочен бар што влегува во морето, а поради плимата и осеката, плажата често ја менува својата форма. Водата е топла, чиста, тиркизна, а бојата на песокот е многу светла, така што целиот амбиент изгледа многу интересно. Овој дел од плажата не е уреден, така што ќе можете да уживате во недопрената убавина, но не заборавајте при вашето доаѓање да ја донесете целата опрема што ви е потребна за плажа.
Поради високиот ризик да заглавите во песокот, не треба да одите до крај со автомобил, препорачливо е да паркирате километар понапред и да продолжите со одење до врвот на насипот, што може да трае околу половина час поради незгодната прошетка на песокот. Исто така, постои светилник од 19 век, кој е опкружен со мала цветна градина, како и остатоци од храмот на Посејдон.

Плажа Калитеа
Во последно време, Калитеа е омилено летно одморалиште на младите, пред се поради комбинацијата на убава плажа и море како и диско клубовите кои се наоѓаат во близина. Плажата е испрскана со бел песок,  а морето е тиркизно, целокупниот впечаток е како да сте во некоја егзотична дестинација.
Она што е важно да се напомене ако не доаѓате со автомобил е дека патот до плажата води преку голем број скали.